Светското првенство влегува во завршната фаза, па почнува и пребројувањето на головите, асистенциите, одбраните и сета индивидуална или колективна статистика. Секогаш најинтересно, кој ќе биде најдобриот стрелец на турнирот.
Рекордот од 92 постигнати гола, сопственост на Кирил Лазаров ќе опстане и по тековновото СП. Во моментов, Чилеанецот Ервин Фојшман со 46 постигнати гола од кои 17 од пенал е лидер на листата на стрелци. Чиле има уште еден меч, против Тунис и Фојшман сигурно ќе ја поправи статитсиката, но тешко дека ќе биде најдобриот стрелец на ова СП.
Зад него се Бјараки Мар Елисон од Исланд и Кај Смитс од Холандија со 45 и 44 гола, но тие завршија со настапот на мундијалот.
Следниот на списокот, пак е Матијас Гидсел. Данската ѕвезда кој добро го налути Веселин Вујовиќ по која тој го нарече „Мали миш“, односно малото глувче, има постигнато 42 гола и тоа сите од игра, а Данска ќе игра најмалку уште два, а веројатно и три натпревари, па Гидсел ќе има 120 минути повеќе на терен од Фојшман.
Германецот Јури Кнор е потенцијалната опасност за водечките, со 37 постигнати голови, но подвлечено, патот на Матијас Гидсел кон титулата најдобар стрелец во моментов излгеда прилично широк и со само една препрека.
Photo> IHF.INFO