Ако до крајот на јануари Келце не најде нов главен спонзор, џентлменскиот договор со играчите завршува и тие ќе можат да си бараат нов клуб.
Келце е во нова криза и овој пат тешко дека ќе излезе како победник затоа што полската економија е тешко погодена од војната во соседството и буџетите се пренаменети.
Сите играчи на Келце веќе имаат добиено понуди од други клубови, а најконкретен меѓу нив е ПИК Сегед. Тие имаат понуда за целото семејство Душебаеви.
Талан Душебаев би бил тренер, а Алекс и Даниел би добиле место во тимот.
Полски медиум објави дека се одбројуваат последните моменти од џентлменскиот договор меѓу Келце и ракометарите. До крајот на јануари се сигурно играчи на полскиот клуб, но ако клубот не најде спонзор, тогаш ќе можат да си бараат нова средина.
Ако нема нов спонзор до почетокот на февруари, тогаш Талант, Алекс и Даниел речиси сигурно ќе заминат за Сегед, вели Wyborzsa Kielce.
ПИК Сегед е поврзан и со трансфер на Раул Гонзалез од ПСЖ, таму требаше да дојдат и Криштопанс и Феран Соле, но Летонецот реши да му се придружи на тренерот Гарсија Парондо во Мелзунген.