Танкоски во Е. Пелистер до 2025

Првиот потпис за Е. Пелистер во новата година е со македнскиот ракометар Марио Танкоски, плејмејкерот останува во Битола најмалку до 2025 година. 



„Еурофарм Пелистер со особено задоволство ја информира јавноста дека ракометарот Марио Танкоски потпиша нов договор со нашиот клуб, заклучно со јуни 2025 година.
Ова е продолжување на соработката со средниот бек за уште две сезони, со што клубот покажува континуитет и му укажува доверба на проектот и ракометарот.
Тенденцијата најдобрите македонски ракометари да играат во нашиот дрес продолжува и во тој правец е следниот потпис. Танкоски дојде во Еурофарм Пелистер во пролетта 2020 година и со својот професионализам, пристап и човечност целосно се поклопува со клупските вредности“, се вели во соопштението на вицешампионот.

Претходно, Еурофарм Пелистер ги продолжи договорите со Цветан Кузманоски, Емилијан Ѓорговски, Ненад Костески и Павле Атанасијевиќ со што си обезбеди убава база на македонски ракометари за во иднина. 

Тренерот на битолчани, Ларс Валтер изјави дека е многу среќен со продолжување на соработката со според него најдобриот плејмејкер во Македонија. 
Битолчани имаа(т) проблеми со повредени играчи, но во пролетниот дел би требало да се комплетни и ќе ја имаат улогата на фаворит, заедно со Вардар за шампионскиот пехар. Оваа сезона, со оглед ситуацијата во која се најде Вардар со неиграњето во ЛШ, Пелистер би требало да има и предност во однос на воиграноста на екипата пред црвено-црниот тим. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk