По 15 години минати во репрезентативниот дрес на Црна Гора, капитенот и поранешен играч на Вардар, Васко Шеваљевиќ се збогува со репрезентацијата.
Црна Гора во ист ден остана без селекторот и без капитенот. Васко Шеваљевиќ, ракометар кој кратко во 2021 играш и за македонскиот првак Вардар, објави крај на репрезентативната кариера.
„Кога им ја соопштив на соиграчите мојата одлука, сфатив уште една работа. Дека нема да ме паметат како некој кој играл добро или лошо, погодувал или промашувал, туку како некој кој ги поддржувал, со кого славеле, тагувале, делеле искрена емоција и на крајот научиле нешто што ќе ги направи подобри играчи и луѓе. Затоа си одам полн со гордост, со полно срце“, изјави Шеваљевиќ.