Репрезентацијата на Црна Гора е првата селекција што останува без селектор по настапот на Светското првенство во Полска и Шведска.
Репрезентацијата на Црна Гора немаше особено забележителен настап на тековното Светско првенство. Успеа да се пласира во главната рунда со победите над Чиле (35-33) и над Иран (34-31), а беше поразена од Шпанија, Франција, Полска и Словенија.
Веднаш по последниот меч, селекторот Зоран Рогановиќ поднесе оставка.
„Ветував пласман на Олимписките игри, не успеав. Кај мене зборот е поважен од сѐ. На репрезентацијата и посакувам многу среќа. Ги информирав и ракометарите и претседателот на Сојузот. Не им беше сеедно. Мило ми е што екипата ја оставам во феноменална состојба и тоа е најважно. Имаме многу добар тим, безмалку сме пласирани на следното ЕП. Можеби еден ден и ќе се вратам, кога ќе бидат подобар и попаметен. Да не ги направам истите грешки во подготовките“, изјави Рогановиќ.