Женската репрезентација на Украина не прифати двата натпревари од баражот за СП да ги игра како гостин во Скопје и реваншот ќе го игра(ме) на неутрален терен.
Женската репрезентација на Македонија, баражот за СП ќе го игра против репрезентацијата на Украина. И покрај војната во оваа земја, ракометот не замре, особено што нивниот главен центар за женски ракомет е во Лвов, град на истокот, на спротивниот крај од државата во која се води жестока војна.
Првиот натпревар ќе се игра на 8 април во Скопје, а за реваншот Украина не прифати двојно гостување, туку ќе играме на неутрален терен во Унгарија, во градот Кишварда. Оваа средба ќе се игра на 11 април.
Македонија има реални шанси да се пласира на СП, но според составите, фаворит ќе биде Украина, екипа составена од ракометарки од Галичанка Лвов и интернационалки од Полска, Романија и Франција.