Македонската телевизија денеска ќе врши директен пренос од три натпревари што ќе се играат на Светското првенство во Полска и Шведска.
Македонската телевизија денеска ќе врши директен пренос од следниве три натпревари:
15:30 Црна Гора - Словенија
18:00 Бразил - Исланд
21:00 Шпанија - Франција
Денеска уште ќе играат:
15:30 Унгарија - Капе Верде
18:00 Иран - Полска
20:00 Португалија - Шведска
Денеска во мундијалската понуда е натпревар што никој ракометен фан не смее да го пропушти. Дуелот на Франција и Шпанија. Двете репрезентации се веќе пласирани во 1/4 финалето и не знаат против кого ќе играат без разлика на исходот денеска. Тоа ќе бидат или Норвешка или Германија, така оди вкрстувањето.
Натпреварот Франција - Шпанија ќе го суди македонската судиска двоја Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.
Друг дуел на кој денеска треба да обрнете внимание е мечот Шведска - Португалија. Почнува 30 минути порано од средбата меѓу Франција и Шпанија. Шведска е веќе квалификикувана во 1/4 финале и како првопласирана и ќе вкрсти со поразениот од утрешниот дуел меѓу Египет и Данска.
Но, Португалија која „киксна“ на натпреварот со Бразил сега се наоѓа во лоша ситуација затоа што може да биде мината од Унгарија. Унгарците денеска играат со Капе Верде и победа ќе ги однесе на второто место доколку Португалија загуби. Ако победат или ремизираат, Португалците одат во 1/4 финале на дуел со победникот од дуелот Египет - Данска.