Светкото првенство е во втората половина и веќе доаѓаат елиминациите по што ќе се знае и екипата што ќе игра на следните Олимписки игри покрај Франција, а и учесниците во квалификациите за ОИ Париз 2024.
Системот на квалификации не е променет, а изгледа вака:
На Олимписките игри во Париз, директно ќе се пласираат Франција, потоа светскиот шампион, европскиот шампион, прваците на Африка и Азија, како и победникот на комбинираниот квалификациски турнир меѓу двете американски федерации (Јужна Америка и Северна Америка и Кариби).
Другите шест учесници ќе се добијат преку три квалификациски турнири на кои ќе учествуваат 12 екипи. Екипите што ќе се пласираат на тековното СП од второ до седмото место обезбедуваат пласман во квалификациите за СП. Но, ако на пример Франција биде меѓу првите седум, тогаш и осмопласираниот тим ќе оди во квалификации. Ако европскиот, африканскиот или азискиот шампион е меѓу првите седум, тогаш ќе оди деветопласираниот и десетопласираниот. Тоа е реално да се случи доколку Египет и идниот европски шампион се меѓу првите седум.
Како и да е, од ова СП директно на ОИ оди првакот и уште шест екипи одат во квалификации. Дали од 2 до 7 или од 2 до 10 место сеедно.
Другите шест, ќе бидат одново пополнувани низ ЕП, Африкански игри, Азиски игри. По два преставника ќе дадат трите најдобри континенти, преку настапот на следните натпреварувања. Па така, двете најдобропласирани екипи од следното Европското првенство што не обезбедиле пласман во Квалификациите за ОИ, ќе го сторат тоа преку ЕП Германија 2024.
Овие првенства можат сериозно да влијаат и врз квалификациите. Ако се сеќавате Македонија во 2015 по СП Катар каде го освои деветтото место и славеше пласман во квалификациите, но една година подоцна Норвешка можеше да го земе нашето место во квалификациите доколку се пласираше во финалето на СП. За среќа, Германија победи во полуфиналето и тоа по продолжетоци, па Норвешка извиси, а ние игравме во квалификациите во Гдањск.