Почна трката за ваучер, објавена првата ранг листа

РФМ ја објави

По доставените обрасци од страна на ракометните клубови , комисијата во состав  Александар Велковски, Велимир Мицевски, Ратко Мицев и Горан Ѓоргоноски ја објави прелиминарната предлог ранг листа.
Централната комисија задолжена за евалуација на предлог листата , формирана од страна на Агенција за млади и спорт на предлог на Владата, има обврска по прием на барањата од страна на националните спортски федерации да изврши евалуација и проверка и да ја достави предлог -листата до Советот за спорт за усвојување, во рок од 10 дена од приемот на предлог листите и барањата. 

Предлог листата можете да ја погледнете со клик на следниов ЛИНК

Клубовите се рангирани по осум критериуми, а тоа се следниве:

Критуерум 1. Човечки ресурси во клубот
Критериум 2. Активни членови на спортскиот клуб, спортисти, регистрирани, кои се натпреваруваат во последната натпреварувачка година.
Критеруим 3. Спортскиот клубот настапувал во националниот систем на натпревари и остварил пласман во последната натпреварувачка година, во екипни спортови сезоната возрасни категории сениори, младинци, кадети, пионери
Критериум 4. Спортскиот клуб учествувал и остварил пласман во меѓународниот спортски систем во сениорска категорија во последните две години
Критериум 5. Рангирање на спортскиот клуб на официјални листи на спортски асоцијации, во последните две натпреварувачки сезони, во сениорска категорија
Критериум 6. Број на домашни спортисти кои настапувале за спортскиот клуб, рангиран на официјалните листи на спортски асоцијации
Критериум 7.  Медиумска застапеност на сениорската екипа
Критеруим 8. Членови на спортскиот клуб, кои настапувале во националните репрезентации во последната натпреварувачка година. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk