Фијаското сега е комплетно, Македонија со трета нула ќе патува за Плоцк



МАКЕДОНИЈА - АРГЕНТИНА   26-35 (11-18)

Таурон Арена во Краков. Гледачи: 2000
Македонија: Митревски, Томовски, Манасков 2, Џонов 1, Талески 5, Кузмановски 4, Ѓоргиев 1, Серафимов 2, Савревски, Костески 2, Георгиевски, Пешевски 4, Атанасијевиќ, Стојковиќ 1, Маркоски, Петров 1



Македонија си заминува од Краков без победа, со три нули на салдо и ќе патува во Плоцк каде што ќе игра со на себе рамни, екипи од Президент Куп. Толку очекуваниот меч со Аргентина која сѐ до денеска изгледаше исто како и нас, заврши со нов пораз и со еден куриозитет, а тоа е дека сите три натпревари од ова СП, на полувреме ги загубивме со идентичен резултат (11-18). 

Аргентина требаше да биде точка на пресврт, но на крајот излезе дека е точка на пресврт за нив, не за нас. 
Некако по слично сценарио, привидно израмнети на почетокот, потоа следуваат грешки во напад, во добар дел неизнудени, па потоа сетоа тоа зачинето со распад на одбраната. 
Ротираше Лазаров и напад и одбрана, бадијала, секогаш ќе се најдеше некој што ќе погреши и или ќе продадевме топка во напад или ќе примевме ефтин гол. 



Би било убаво да ја анализираме играта, но тоа ќе го оставиме за следните денови, а од Краков си заминуваме со комплетиран впечаток дека на овие три меча, ракометарите компетно потфрлија. И тука не зборуваме само за младите што треба да учат, туку за носителите, тие што требаше да ги добијат натпреварите и патем да ја повлечат со себе и младината овде немаа решение за која и да е одбрана што ќе ја одбереше противникот. 

Резултатски вечерва, уште по 10 минути Аргентина не „дуплираше“, а потоа се ослободија нивните ракометари, добија крилја се им одеше од рака. Од минута во минута, нашата игра се распаѓаше, па благодарение на сите грешки што ги направивме, Аргентина на крајот изгледаше како да е Норвешка. 
Конечно, мечот заврши со резултат 

Македонија го заврши овој дел од првенството, оди во Президент Куп, а таму со сличните на нас ќе се обиде да стигне со првата победа. Прв противник ни е Алжир, мечот се игра на 19 јануари. 







 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk