Денеска Македонија на сѐ или ништо!



Последен меч-деј во Краков, последен меч за Македонија на овој мундијал во Таурон Арена. Каде ќе нѐ води утре патот? Во Катовице на дуел со Германија, Србија и Катар или во Плоцк на дуел со Алжир?



Разгорени страсти и бурни емоции по мечот со Холандија. Вториот пораз дочекан на нож, погласни станаа тие што имаат што да кажат нешто, било што против репрезентацијата на Македонија од тие што ѝ даваат поддршка.
Од една страна неосновани критики, затоа што исфорсирано и нереално беше наметнато мислењето дека ние имаме подобар тим од Холандија во овој момент. Од друга страна има и оправдани критики, затоа што ракометарите на теренот не прикажаа желба и страст за да победат и воедно да им дадат стимул и на тие што безрезервно ги поддржуваат. 

Притисокот што стигна од јавноста, може да биде мотивирачки и демотивирачки. Денеска се надеваме дека се што е собрано во нив нема да го чуваат за изјавите по натпреварот туку ќе го истурат кон играчите на Аргентина кои досега имаа настап многу сличен на нашиот.
Освен трпението, што јавноста никогаш и го немала, ништо друго не е загубено. Сигурно сме дека овој тим може да одигра подобро, само треба се „крене“ и почне да функционира како што функционираше пред овој мундијал.
Па затоа иако пред СП велевме дека и Аргентина се фаворити, сега сме поголеми оптимисти за нашите шанси за пласман во Главната рунда. 
Но, мора вечерва нашите играчи да имаат поинаков пристап, затоа што веруваме веќе увидоа, дека со Холандија одиграа и против самите себе, во прв ред, потоа се друго.
На големи натпреварувања се раѓаат големи играчи, тоа е позната флоскула. Малку помалку е познато дека тоа е двосмерна улица. 

Оваа репрезентација на Македонија може да одигра многу подобро отколку досега, само треба да почне да се бори (читај да се движи и да „тепа“ во одбрана) а во нападот може далеку решително да ги игра тренираните акции и да создава  простор и за крила и за шутери. 

Средбата почнува во 18:00 часот, Македонија и на овој натпревар би требало да има голема поддршка од трибините. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk