Словенија ја совлада Полска пред 10.000 домашни навивачи со девет гола разлика. Селекторот на Словенија, Урош Зорман оваа средба ја потпиша со нова тактика.
Денеска ќе биде комплетирано второто коло на Светското првенство што се игра во Шведска и Полска, а на терен ќе ја видиме и репрезентацијата на Македонија.
Од впечатоците од првите натпревар од ова второ коло, од веќе одиграните ќе ја издвоиме големата победа на Словенија над домашната Полска.
Урош Зорман реши да остави дома играчи како Скубе, Зарабаец, Безјак итн.. но одново Словенија има тим што може да дојде блиску до медал, а тоа го покажа на терен, против домаќинот кого го совладаа 32-23. На Полска одново и се случи 2016, кога дома беа победени од Хрватска со 14 гола разлика.
Урош Зорман го потпиша овој меч затоа што користеше нова тактитка.
Кога Словенија имаше играч повеќе на терен, нивниот пивот стоеше на центарот на теренот, за да можат нивните брзи играчи да имаат повеќе простор. Владо Штенцел, поранешен југословенски тренер со хрватски корени кој има играно за Југославија и Западна Германија пред четириесет години има користено слична тактика, која времето ја проголта, за Урош Зорман сега одново да ја патентира.
РЕЗУЛТАТИ ВТОР ДЕН:
Бразил - Уругвај 35-24
Црна Гора - Иран 34-31
Франција - С. Арабија 41-23
Португалија - Ј. Кореја 32-24
Исланд - Унгарија 28-30
Полска - Словенија 23-32
Шпанија - Чиле 34-26
Шведска - Капе Верде 34-27
ДЕНЕСКА ИГРААТ
18:00 ЧАСОТ
Белгија - Тунис
Египет - Мароко
Германија - Србија
Македонија - Холандија
20:30 ЧАСОТ
Норвешка - Аргентина
Данска - Бахреин
Хрватска - САД
Катар - Алжир
ТАБЕЛИ
TABLICAРЕ