Лазаров: Ги гледавме, анализиравме, ќе мора многу да се испотиме за победа



Прва меч топка за Главна рунда ќе имаат утре и Македонија и Холандија. Тешко е по вчераниште 10 разлика на Холандија со Аргентина, ако Македонија утре победи да не оди во Катовице. 


Денеска беше ден за одмор, анализа, местење на фокусот на Холандија. Тие ќе бидат фаворити, играат добро, брзо, имаат врвни мајстори во својот тим, а и со пораз во нормални рамки, односно под 10 гола разлика ќе се  се пласирани во следната рунда. 
Но, сигурно тие не ја прават таа математика, иако би можеле, па очекуваме утре да играат на победа. 

Разговаравме со селекторот Кирил Лазаров: 
Холандија и вчера покажа дека се работи за екстра квалитетна репрезентација, игра брз ракомет и треба добро се помачиме и испотиме за да стигнеме со победа. Целиот ден го искористивме да ги анализираме, иако и претходно ги анализираме. Споредувавме, анализиравме, мислам дека имаме шанси. 
Ме загрижува повредата на Јагуриноски, тоа и вчера беше хендикеп. Пред да се повреди уште бевме во егал. Ќе ни недостасува, тоа е играч со добар квалитет што покажуваше многу. Ќе го замени Давид Савревски, тој вечерва ќе пристигне. Нов, дебитант, со малку искуство, но многу потенцијал. Ќе покриваме и со други освен Серафимов затоа што треба да се издржи 60 минути. Мартин ќе добие шанса, ја заслужува. 
Лук Стајнс е продолжена рака на тренерот, како што е во Париз на Раул, овде е на Олсон. Играч од таков калибар доста работи приметува на теренот и ги поставува работите како треба и се адаптира. Тоа им е голем квалитет. Сѐ уште играат на високо ниво, како во Унгарија. На високо ниво и во одбрана и во напад. Ќе мора многу добро да се подготвиме и многу сериозно да пристапиме на тој меч.
Ние вчера сакавме да направиме изненадување, но тоа беше невозможна мисија. Не сфатија сериозно. Ние на секој натпревар, ако сакаме да растеме мораме да тргнеме со позитивна мисла“, изјави Лазаров. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk