Македонија не успеа да изненади во првото коло. Норвешка е сепак екипа во која играат неколку играчи од Топ класа и против која 60 минути може да се игра рамноправно само ако си на нивното ниво или ако имаат лош ден. Против Македонија, немаа лош ден, напротив.
„Норвешка ја заслужи победата, беа подобри од нас. Тие се сепак е меѓу четирите најдобри на светот според мене. Бевме рамноправи во првите 20 минути, но беше невозможна мисија да се игра против нив во текот на сите 60 минути.
Направивме многу технички грешки, моите помошници ми кажаа дека вкупно 17 технички грешки, значи 17 контранапади за нив. Одбраната не беше единствен проблем, туки и нападот, но во секој случај ќе повторам техничките грешки беа премногу.
Ги изненадивме со седум на шест во вториот дел. Еден период разликата беше седум гола, во следните пет минути 12. Мислам ќе бидеме подобри во следниот меч, Норвешка е добра, но не е Холандија, имаме шанси да ги изненадиме.
Немаме што да изгубиме, имаме еден ден да се одмориме. Нашата цел е да оствариме победа против Холандија и Аргентина“, изјави селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров.