Македонија влезе во натпреварувачкиот дел од Светското првенство во висок, но не и неочекуван пораз од топ фаворитот Норвешка. Следните два меча се клучни за пласманот во Главна рунда, а првиот е исто така против фаворит, Холандија, екипа која со 10 гола ја совлада Аргентина во првото коло.
„Влеговме во мечот со голема желба, но ете заврши како што заврши. Ќе го анализираме поразот заедно со целата екипа, па во наредниот натпревар ќе влеземе одново максимално. Не бев изненаден од Норвежаните. Како што кажав, влеговме со голема желба на стартот на Мундијалот со позитивни мисли. Сега, целта е во следното коло да одиграме добро против Холандија“, изјави Сераф