„Пет минути“ ја расипаа премиерата



НОРВЕШКА - МАКЕДОНИЈА   39-27 (18-11)
Таурон Арена во Краков. Гледачи: 4000
Македонија: Митревски, Томовски, Манасков 5, Џонов 1, Талески 7, Кузманоски 4, Ѓоргиев, Серафимов 1, Јагуриноски 1, Костески, Георгиевски, Пешевски 3, Петров 4, Стојковиќ 1, Маркоски, Младеновиќ 1



Македонија со пораз од Норвешка го затвори вториот мундијалски ден во Краков. Ова беше меч на кој победникот беше предвидлив, прашањето на кое чекавме одговор е како ќе се спротивстави и како ќе одигра Македонија против фаворизираниот скандинавски состав предводен од еден од најдобрите во светот - Сандер Сагосен. 

Токму бекот на Кил диригираше на стартот на мечот и со два врзани погодоци и донесе водство на Норвешка на почетокот на мечот, пред Кузмановски да го постигне првиот гол за радост на трибината полна со македонски фанови.

Двата тима имаа добра транзиција од напад во одбрана, па немаше многу лесни голови туку се играше позициски. Македонија играше подлабока одбрана, а Сагосен и уште еден играч од топ класата, бекот на Флензбург, Магнус Род имаа решенија.
Враќаше Македонија, одржуваше негатива од два до три гола, а во овој период што вреди да се одбележи во нашиот тим свој моменти имаа Жарко Пешевски со два изнудени пенали и еден постигна гол, потоа Манасков кој пеналите ги претвори во голови и Митревски кој успеа да симне два-три зицери и Македонија во 20 минута израмни на 9-9. 
Место тоа да биде поттик за уште поголема битка се случи спротивното. Исклучен беше Серфимов, а во период со играч повеќе Норвешка постигна четири гола по ред од кои два на празна мрежа. 



Следеше уште еден краток период во кој Македонија се доближи на 11-13 и потоа во последните пет минути следеше потоп. Грешки, непрецизни удари, малку и недостаток на среќа Норвешка доби шанса да ја игра својата игра и веднаш покажа како изгледа кога тоа го прави екипа што е кандидат за медал. 
Следеше серија од 5-0 во последните пет минунти и водство од 18-11 за Норвешка на полувреме.



Во второто полувреме, приказната беше поинаква. Големото водство на Норвешка од првиот дел си го одигра своето во секој поголед и психолошки и тактички.
Норвешка ја одржуваше дистанцата која во еден момент беше десет гола, а во 47 минута на Македонија намали на минус седум (19-26), потоа и на 20-27. 
Во последните десетина минути Македонија намали и на минус шест, но одново дојде најмачниот период за играње, последните пет минути. 
Се олабавија екипите, особено македонската и за една минута минусот од шест стана девет, а на три минути докрајот и минус 11 (25-36).



фото: РФМ

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk