Симонет: Вака, ни на сон нема да ја победиме Македонија



Аргентина вечерва разочара со својот настап и загуби со високи 10 гола разлика од тимот на Холандија, со што холандскиот тим веќе е со една нога во Главната рунда. 
Аргентина сега својата (последна) шанса ја гледа на натпреварот со Македонија. 


По натпреварот, разговаравме со најдобриот аргентински ракометар, Диего Симонет. 

„Ако играме вака, ни на сон не можеме да ја победиме Македонија. По ова денеска, знаеме дека тој натпревар ќе биде финале за нас. Но, имаме голема почит кон македонскиот тим, тоа е екипа составена од професионалци. Во Аргентина, знаете тоа не е така. Ако сакаш да играш, треба да платиш, па затоа сите одат во странство за да играат. Сеедно, мислам дека на тој натпревар кој помалку ќе греши, тој ќе победи, изјави Диего Симонет по натпреварот со Холандија

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk