Браќата Атанасијевиќ ја пропуштаат Норвешка



Селекторот Кирил Лазаров го направи финалниот рез, по кој во екипата останаа само 16 ракометари со кои денеска ќе игра против Норвешка.



Кирил Лазаров одбра 16 ракометари за првиот меч на машката ракометна репрезентација на Македонија на Светското првенство во Полска и Шведска. 

На првиот натпревар, за македонскиот тим нема да играат браќата Петар и Павле Атанасијевиќ. Тоа е финалната одлука, но тие нормално остануваат во Краков и можеби едниот, другиот или пак и двајцата можеби ќе бидат во игра за дуелите со Холандија и со Аргентина. 

Впрочем, селекторот Лазаров денеска и најави дека ќе има промени во составот, затоа што некои играчи играат подобро против еден тип, други против друг тип на репрезентации. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk