ХОЛАНДИЈА - АРГЕНТИНА 29-19 (14-11)
Кај Смитс 7, Боби Шаген 6 - Џејмс Паркер 5, Диего Симонет 4
Репрезентацијата на Холандија со победа ја отвори групата во која игра и репрезентацијата на Македонија. Холанѓаните во првото коло ја совладаа селекцијата на Аргентина и веќе се со една нога во главната рунда.
Овие две репрезентации одиграа натпревар што нема долго да се памети. Од Аргентина очекувавме многу повеќе, но вечерва не беа на висината на задачата. Голманот на Холандија одигра важна улога во првиот дел кога Холандија ја презема иницијативата и поведе со 9-5. Потоа беше многу полесно за европскиот состав, иако и тие пред крајот на првиот дел паднаа за момент, па Аргентина се доближи на 10-13 и имаше напад.
Лук Стеинс диригираше, а Кај Смитс и Боби Шаген ја полнеа мрежата на аргентинскиот тим, па во 57 минута разликата се искачи и на плус 10 (27-17)