Една од убавините и предностите кога во живо се следи мундијал, е тоа што на домет на аудио рекордерот, се сите. Денеска, покрај средбата со Македонците, имавме шанса да ги видиме во живо и Холанѓаните и Новежаните. Не ја пропуштимве можноста да поразговараме и со Јонас Виле, новиот селектор на Норвешка.
„Очекувам вечерва натпреварот да биде израмнет. Македонија има поинаков, но квалитетен состав кој сигурно ќе пружи силен отпор. Имав можност да ги гледам вашите последни натпревари. Играте поинаку од досега, побрзо и имате опасен контра напад“, изјави Виле за g-sport.mk
АКО НЕ ЗНАЕВТЕ
Назначувањето на Јонас Виле за селектор на Норвешка беше изнанедување за ракометните фанови што не се од Норвешка, затоа што не се работи за звучно име со големи успеси зад себе. Но, за ова има перфектно „оправдување“. Норвешка своите големи резултати ги бележи на репрезентативен план, а таму нивните селектори имаат деценски долги договори. На клупски план, единствениот што успевал да направи успех е Ларвик, а Виле таму не бил тренер и тоа е тоа. Други успеси и нема.
Но, Виле се покажа како тренер кој има кој знае да препознае талент и да работи и тоа успешно со младите играчи.
Тој е директно заслужен или ги лансираше кариерите на неколку големи ѕвезди. Имено, тој ја воведе во професионалниот ракомет Стине Бредал Офтедал, уште во 2007 кога како 16 годишна девојка ја доведе во неговиот Стабек. Подоцна, не под негово водство во Стабек дојде и нејзината сестра Хана Бредал Офтедал, денешната сопруга на Сандер Сагосен.
Други две ракометни имиња кои можат да му кажат големо благодарам се близначките Силе и Сана Солберг, исто така од неговото време во екипата на Стабек.