Македонија денеска почнува со настпот на Светското првенство, во Краков. Без алиби, но ждрепката овој пат воопшто не беше поволна за нашиот тим, добивме три силни противници, а најсилниот межу нив е единствениот скандинавски, што мундијалот нема да го игра во Скандинавија - Норвешка.
Утрово на кратко се дружевме со нашите ракометари во хотелот во Краков и зборувавме со селекторот Кирил Лазаров.
Подготвени за цело Светско првенство. Ова е меч со репрезентација за која не треба многу да се зборува. Норвешка во 2017 и 2019 играше финале на СП и незадоволни заминаа затоа што не освоија злато, па сега и овде ќе атакуваат на златото.
Во спортот треба да веруваш и во невозможното. Денеска сме во таква позиција. Нема што да загубиме, туку може само да добиеме. Нема да калкулираме, да се штедиме воопшто, ќе тргнеме да играме и да видиме до каде можеме.
Сакам да нагласам дека оваа генерација и досега направи многу, имаше многу скептицизам дали ќе успееме воопшто и да дојдеме до овде и само поради тоа на момците треба да им се даде поддршка.
Поминавме големи репрезентации и ги минавме сите тие скептици кои не веруваа дека оваа генерација може да ја продолжи традицијата на настапи на големите натпреварувања.
Што и да се случи денеска, ние треба да продолжиме по нашиот пат. Играме со 7 дебитанти на ова СП и треба да бидеме внимателни, но од друга страна имаме и голема самодоверба. Составот ќе го соопштам пред натпреварот, немам дилеми, но ќе почекаме до вечер. Потоа ќе видиме, ќе ротираме, можеби ќе повикаме и играчи од Скопје. Секоја репрезентација игра поинаку, има одредени играчи што можат добро да одиграат со еден противник, други со друг“, вели Лазаров.