Тргна возот. Денеска со збиен распоред се играше во неколку градови со прилично неспретно, веруваме изнудени термини кои се преклопуваа и вистинските вљубеници во ракометот, мораа да бираат што да гледаат.
Иако Чиле важеше за благ фаворит според обложувалниците на мечот со Иран, сепак, Веселин Вујовиќ ја стартуваше својат селекторска кариера во Иран со победа.
Минимално, 25-24 за Иран заврши ова дерби што веројатно го испраќа тимот на Иран во главната рунда, додека Чиле, ако може така да се каже, шанса ќе бара на меч со Црна Гора или Шпанија. Оваа група се игра во Таурон во Краков, каде што утре ќе игра и Македонија.
За разлика од Вујовиќ, еден друг тренер што работеше во Скопје, Данецот Јан Питлик на кормилото на Саудиска Арабија за волја на вистината и очекувано беше поразен од Словенија. Но, резултатот 19-33 сигурно нема да ги направи среќни шеиците, иако се работи за Словенија. Од оваа група, вчера играа Полска и Франција, а победија француските ракометари, минимално. Оваа група се игра во Катовице.