Македонските фанови ќе имаат збирно место во Краков. Денеска беше договорена соработка со еден локал во центарот на градот кој ќе биде домаќин на македонските навивачи.
Договорена е соработка меѓу македонските навивачи и локал (пивница) во центарот на градот кој ќе биде домаќин на фалангата во следните денови.
Како и пред седум години и оваа година во Краков ќе има македонска забава, музика ќе пушта македонски ди-џеј, ќе има и караоке шоу итн.
Пивницата се вика Restauracja Browarna Lubicz а се наоѓа во Стариот град, во близина на најпознатиот трговскиот центар во градот „Галерија Краковска“.