Македонците слетаа во Краков




Репрезентацијата на Македонија пристигна во Краков. Македонскиот тим предмалку слета на краковскиот аеродром и означи старт на последната фаза од целиот мундијалски процес во која спаѓа и настапот на Светското првенство. 



Селекторот Кирил Лазаров поведе 18 ракометари во Полска, во Краков каде што ќе се игра првата фаза од првенството. Македонскиот тим со чартер лет стигна од Скопје и веќе ги планира активностите предвидени за во Полска.
Македонија утре со почеток од 20:30 часот ќе се сретне со репрезентацијата на Норвешка, на 15 јануари ќе игра со Холандија (18:00), а на 17 јануари со Аргентина (18:00)



Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk