Краков не е многу скап, но внимание во менувачници



Македонската репрезентација денеска околу пладне треба да пристигне во Краков со чартер лет, а вчера и денеска поголем број на македонски фанови со автобуси и автомобили исто така заминуваат за овој полски град - убавец.



Поголем број на македонски фанови денеска и утре би требало да пристигнат во Краков и да ја дадат од трибините својата поддршка на македонската репрезентација. 
Македонија ќе има своја фан зона, во близина на ценатрот (Стар град), G-sport веќе втор ден е во Краков и веќе имавме шанса малку да испитаме што се променило во однос на 2016 година кога прв пат Македонија овде играше, на Европско првенство.

Можевме да констатираме дека Краков и покрај инфлацијата што веќе се чувствува во Полска поради војната во нивното соседство и натаму не е многу скап град. Цените воглавно се слични на тие во Скопје. Нешто е поскапо, нешто поефтино, генерално може со скопски математики да се прават планови кога е буџетот во прашање. 

Би сакале да ве предупредиме околу моментот менување пари во менувачницте. Задолжително пред да промените пари прашајте колку пари ќе добиете назад, па пресметајте дали ви одговара курсот, затоа што една до друга менувачница има разлика.
Официјланиот курс, осносно тој по кој ќе ви биде наплатено од картичка е 4.6 злоти за 1 евро и препорачуваме да го користите тој метод кога ќе имате можност. 
Во менувачниците цените односно курсот е јавно истакнат, нагласено е дека нема провизија, но задолжително прашајте колку пари ќе добиете назад пред да менувате. Затоа што истакнатите цени важат на пример за променети 100 евра. Ако сакате да смените на пример 20, ќе ви разменат по сосема поинаков курс. 

Така на пример, една од најбараните работи кога ќе пристигне Фалангата како и на сите досегашни работи ќе биде пивото. Во пристоен, угледен ресторан можете да добиете квалитетен оброк да јадете за 10-тина евра. Пиво да добиете за 2 - 3.5 евра, во принцип се 0.4 литри или пак во стаклено шише. Исто така можете да добиете и кригла точено од еден литар за околку 5-5.5 евра. Ако погодите промоција, цените се и преполовени, а промоции има секојдневно.
Слична цена е пијалокот број еден во Полска - вотка која ја има во многу голема и различна понуда на брендови.
Во зависност од локалот варираат и цените, но генерално низ центарот на градот се во овие рамки. Слично е и за кафе или пак сок, иако во Краков нема таква култура на пиење кафе како што има во Македонија на пример. 

Цените во маркетите не отскокнуваат многу од тие во скопските маркети, јасно може да има поголема разлика кај некои продукти, кај некои речиси и да нема. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk