Познат финалниот список на патници за СП!



Познати се 18-те репрезентативци кои утре ќе се качат во чартерот за Краков. Кирил Лазаров денеска мораше да скрати, а со оглед на тоа што го видовме на подготвителните натпревари и можеше да се насети како ќе изгледа финалниот список.



Марко Кизиќ, еден од триото голмани нема да патува со репрезентацијата, а Цветан Кузманоски кој не беше ниту на Кроација Куп е вториот ракометар што отпаѓа, барем за стартот на првенството. Давид Савревски исто така нема да биде меѓу патниците, како и Александар Петковски. 
Лазаров ќе има право да направи измени. Во комбинација остануваат сите ракометари и доколку се појави потреба, ќе бидат дополнително повикани. 

Составот на Македонија ќе претрпи уште едно финално кратење кога ќе треба да се одберат 16-те играчи за дуелот со Норвешка закажан за 13 јануари. 



ГОЛМАНИ
Никола Митревски (Порто)
Мартин Томовски (Вардар)

Леви крила:
Дејан Манасков (Вардар)
Петар Атанасијевиќ (Е. Пелистер 2)

Леви бекови:
Филип Талески (Вардар)
Иван Џонов (Т. Пролет)

Среден бек:
Филип Кузмановски (Хановер)
Игор Ѓоргиев (Алкалоид)
Павле Атанасијевиќ (Е. Пелистер)

Десен бек: 
Томислав Јагуриновски (Т. Пролет)
Мартин Серафимов (Алкалоид)

Десно крило: 
Гоце Георгиевски (Вардар)
Ненад Костески (Е. Пелистер)

Пикери:
Никола Маркоски (Алкалоид)
Жарко Пешевски (Е. Пелистер)
Марко Стојковиќ (Алкалоид)
Костадин Петров (Тор)

Дефанзивец: Михајло Младеновиќ (Алкалоид)

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk