Динар ќе води француски клуб

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Франција, Дидие Динар во продолжението на сезоната ќе биде тренер на екипата на Иври.



Дидие Динар долго време беше подготвуван да биде наследник на Клод Онеста на клупата на машката репрезентација на Франција. 
Но, кога дојде тој момент, работите не излегоа така како што се надеваа Французите. Нивната препознатлива игра која се базираше на бетонска одбрана ја снема, почнаа да примаат премногу голови, а во нападот тоа не успеаја да го компензираат, па не мина долго време и тој беше заменет со актуелниот селектор Гијом Жил. 

По ова Динар накратко работеше на Блискиот исток и тоа заедно со нашиот тренер Александар Царчев, во еден момент беше поврзан и со можен трансфер на клупата на Е. Пелистер, но тоа се покажа како неточна вест. 

Сега, Дидие Динар ќе се справува на клупски план во домашниот шампионат, како тренер на клубот од париското предградие - Иври. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk