Данскиот бек Себастијан Хенеберг ќе ја одработи сезонава во Битола и потоа си заминува, се враќа дома.
Е. Пелистер ќе испрати уште еден „свој“ играч во данскиот клуб Фредериција. По кубанскиот бек Табоада кој на почетокот на сезоната од Битола замина за Данска, на крајот на тековнава сезона од клубот заминува и Хенеберг.
Данецот брзо се прилагоди и се промовираше како најдобро решение за Ларс Валтер на бековската позиција, а тоа му донесе поени во татковината, па стигна и понуда која решил да ја прифати.