Списокот на Лазаров ќе се чека до последен момент

Уште два дена има до официјалниот старт на 28. Светско првенство што ќе се одржува во Полска и Шведска. Репрезентациите завршија со контролните натпревари и следните денови се подготовки за патување, а не за играње... Но, не за сите



Кирил Лазаров во Краков ќе носи 18 ракометари со тоа што во текот на првенството се дозволени максимум пет измени, во зависност и од фазата во која ќе биде првенството. 

Составот на Македонија се уште не е официјално објавен. Нашата репрезентација одигра четири контролни натпревари, но ниту на еден не беше комплетна. 
Особено важно и видливо беше на Кроација Куп каде што настапивме без Никола Митревски и Филип Талески кои останаа во Скопје на поштеда, а во тимот го немаше ниту Цветан Кузманоски. 

Конечниот список на Македонија ќе биде познат... во последниот момент. Има неколку играчи кои се „начнати“ со повреди и прашање на кое мора да биде добиен одговор пред да се поделат авионските билети е дали ќе можат да ги издржат напорите што ги носи мундијалот.
Оптимисти сме дека ќе биде најсилниот тим на терен, затоа што и за Талески и за Митревски информациите што ги имаме велат дека не се работи за сериозна повреда и дека би требало да бидат во строј. 

Како и да е, дилемите за селекторот остануваат, а останува и ние да се надеваме дека повредите нема да го кројат списокот на патници. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk