ГРК Охрид денеска ги почна подоготовките за новата сезона, а клубот на премиерниот собир во 2023 се пофали со нов играч.
Охрид потпиша со словенечкиот ракометар Гал Цирар до 2024та година. Тој игра на позицијата десно крило и десен бек, има 27 години и е висок 188см.
Словенецот доаѓа со репутација на најдобар стрелец во словенечката лига и тоа 3 години со ред, објавија охриѓани. Доаѓа од екипата на Јерузалем Ормож, а пред тоа настапувал 4 сезони во Тримо Требње.
Охрид пред само неколку дена објави дека потпишал и со поранешниот македонски репрезентативец Стефан Дрогришки.