МАКЕДОНИЈА - ИЗРАЕЛ 38-37 (23-19)
Стрелци за Македонија: Томовски 1, Манасков 11, Кузмановски 6, Пешевски 3, Георгиевски 4, Јагуриноски 4, Пав. Атанасијевиќ 1, Серафимов 2, Костеки 1, Стојковиќ 1, Младеновиќ 2, Петров 2

Македонија вечерва го одигра последниот контролен натпревар пред заминувањето на 28. Светско првенство што следната недела почнува во Полска и Шведска.
Противник беше селекцијата на Израел, сериозен тим предводен од некогашниот селектор на Македонија, Драган Ѓукиќ.
Манасков отвори со гол од контра напад, а потоа Павле Атанасијевиќ и Пешевски зголемија на 3-1. Македонија ја одржа разликата преку Пешевски и Георгиевски за 5-3 и 6-4, а потоа Јагуриновски зголеми на 7-4, а Манасков на 8-5. Прв пат на плус четири не однесе Георгиевски (9-5), но во продолжение Израел се врати на минус два, намали на 8-10.
Томислав Јагуриновски го одбрани водството и постигна два погодока за 11-8, а потоа и за 12-9, пред Томовски да погоди на празна мрежа за 13-9 и нови плус четири.
Транзицијата на македонскиот тим беше одлична во овој период и секоја грешка на Израел, а нив ги имаше, беше казнувана со гол. Мартин Серафимов, пак, имаше свои минути и изнуди нов седмерец што Манасков (5/5 до тој момент) го претвори во водство од 19-12.
Се играше 22 минута, а Израел намали на 14-19, по што и Лазаров побара минута одмор.
По ова Манасков од пенал го постигна својот шести гол за водство од 20-14, но одново следеа два гола на противникот за намалување на водството на 16-20 и посед на топка на точно четири минути до крајот на полувремето.
Следниот гол сепак, заврши во мрежата на Израел, а Кузмановски ја сметсти топката во мрежа за водство на Македонија од 21-16, а потоа следеше специјалитет на Георгиевски од мртов агол за водство од 22-17. Резултатот на полувреме беше 23 -19.
Почетокот на вториот дел не беше идеален. Серија на грешки на двете страни, по што, по само пет минути игра се врати и резултатската неизвесност во мечот. Израел намали на 20-23, потоа и на 21-24.
Марко Кизиќ даде поддршка со два симнати зицери, а Костески и Манасков тоа го наградија со водство од 27-22 во 38 минута од средбата.
Дејан Манасков продолжи да брилјира, со 9/9 овој пат на празен гол донесе водство од 28-23, но средбата продолжи во стил гол за гол, па противникот намали на 24-28, па на 25-29, потоа и на 26-30.
„Клацкалката“ заврши во 46 минута кога Израел со два врзани гола се врати на минус три (28-31).
Младеновиќ брзо врати на плус четири (32-28), но Израел успеа да намали еден гол во негативата и продолжи со погодок за 29-32.
Во последните десет минути од натпреварот се влезе со резултат 33-30 за македонскиот состав. Филип Кузмановски погоди во важен момент, со играч помалку за водство од 35-31 во 52 минута од натпреварот, но не успеавме долго да ја задржиме таа предност. Во следниот напад, Израел намали на 32-35.
Мансков со својот 11 погодок зголеми на 36-32, потоа и Петров се запиша во листата на стрелци за 37-33.
На пет минути до крајот, при резултат 37-34, Лазаров го искористи своето право за тајм аут и последни совети пред решавачкиот финиш.
Следеше гол на Петров за 38-34, но веднаш вратија Израелците на 35-38. Израел го постигна и следниот гол, во 59 минута намали на 36-38, а потоа стигна и до гол негатива 37-38.
На крајот имаше и драма откако Костески не успеа да погоди, односно голмано успеа да ја потфати толку колку да заврши во пречката. Израел имаше последен напад и играч повеќе, но Македонија овој пат успеа да се одбрани.