Македонија води четири разлика на полувреме

МАКЕДОНИЈА - ИЗРАЕЛ  (23-19)



За разлика од вчерашната средба со Хрватска, денеска на Македонија многу подобро и одеше резултатот, иако и натаму не бевме убедливи во играта во одбрана. 

Манасков отвори со гол од контра напад, а потоа Павле Атанасијевиќ и Пешевски зголемија на 3-1. Македонија ја одржа разликата преку Пешевски и Георгиевски за 5-3 и 6-4, а потоа Јагуриновски зголеми на 7-4, а Манасков на 8-5. Прв пат на плус четири не однесе Георгиевски (9-5), но во продолжение Израел се врати на минус два, намали на 8-10. 
Томислав Јагуриновски го одбрани водството и постигна два погодока за 11-8, а потоа и за 12-9, пред Томовски да погоди на празна мрежа за 13-9 и нови плус четири.
По ова во игра влегоа Серафимов и Ѓоргиев, а првиот погоди за 15-11, а потоа изнуди и седмерец што Кузмановски го реализираше за 16-11. 
Продолжи добрата серија, Серафимов погоди за 17-11 и го принуди Драган Ѓукиќ да побара тајм аут. 

Транзицијата на македонскиот тим беше одлична во овој период и секоја грешка на Израел, а нив ги имаше, беше казнувана со гол. Мартин Серафимов, пак, имаше свои минути и изнуди нов седмерец што Манасков (5/5 до тој момент) го претвори во водство од 19-12. 
Се играше 22 минута, а Израел намали на 14-19, по што и Лазаров побара минута одмор. 

По ова Манасков од пенал го постигна својот шести гол за водство од 20-14, но одново следеа два гола на противникот за намалување на водството на 16-20 и посед на топка на точно четири минути до крајот на полувремето. 
Следниот гол сепак, заврши во мрежата на Израел, а Кузмановски ја сметсти топката во мрежа за водство на Македонија од 21-16, а потоа следеше специјалитет на Георгиевски од мртов агол за водство од 22-17. Резултатот на полувреме е 23 -19, а најдобар стрелец во нашиот тим е Манасков со седум постигнати гола, Георгиевски постигна четири, Кузмановски три...

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk