Чешка ја преслуша Холандија

Репрезентацијата на Чешка која на ова СП нема да игра благодарение на Македонија, денеска беше подобра на тест натпревар со Холандија, меч што се игра во рамки на турнирот во Франција.



Чешка ја совлада Холандија 33-30 (17-12), а претходно беше подобра и од екипата на Египет со идентичен резултат (33-30), па во финалето на турнирот ќе ја предизвика Франција, која вечерва игра со Египет. 

Денеска на терен се и другите два противника на Македонија. Норвешка игра со Бразил, а Аргентина ќе игра со селекцијата на Шпанија. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk