Аргентина тргна победнички во Шпанија

Вчера ја видовме Холандија, а денеска ќе ги видиме на дело и другите два противника на Македонија. Вечерва Норвешка ќе игра со Португалија, а репрезентацијата на Аргентина веќе го одигра својот натпревар со Бахреин.



Аргентина славеше победа над Бахреин од 31-27 (16-12) на турнирот „Доминго Барсенас“ што се одржува во Шпанија. Домаќинот и Романија се другите два учесника.

Аргентина денеска ги реши дилемите уште во првиот дел, а Бахреин не успеа да направи пресврт во второто полувреме. Пизаро, Канигани и Ломбарди со по пет гола беа најефикасните Аргентинци. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk