Ковид позитивни во тимот на Холандија

Ковид тестовите што ги закажа ИХФ почнуваат да внесуваат немир меѓу екипите. Во понеделникот лажно позитивен беше Данецот Симон Питлик, денеска холандскиот играч Јорн Смитс. 



Јорн Смитс, постариот брат на десниот бек на Магдебург, Каи Смитс, е позитивниот играч во репрезентацијата на Холандија. Тие вечерва ќе играат контролен меч со Франција, па како мерка за внимателност беа направени ПЦР тестови. Јорн Смитс и тројца членови на стручниот тим (асистентот тренер, физиотерапевтот и тим менаџерот) мораат во изолација додека на добијат негативни тестови.

Холандската федерација објави дека Смитс пред две недели прележал ковид и дека овој резултат е лажно позитивен и последица на таа зараза, но сеедно вечерва нема да биде на теренот. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk