Нова кариера: Диви Ангелов стана угостител

Во Новата година со нова кариера. Прославениот голмански ас Петар Ангелов Диви кого вчера можевме да го видиме и на спектаклот што РФМ го организираше во Скопје, почнува нова кариера. 



Петар Ангелов Диви, заедно со уште едно ракометно име исто така ракометен голман, Васко Димитров (Тиквеш, Макс Струмица) од 1 јануари се сопственици на едно култно место во Кавадарци, ресторанот „Белисимо“.

Ангелов и Димитров најавија задржување на автентичниот дух на ресторанот кој има капацитет за околу 150 гости и каде што ќе водат грижа и за дваесетина вработени.

Ова не е прв заеднички проект, тие веќе неколку години се косопственици на Елемент Кафе кое прерасна во место за добра забава. 
Познавајќи го темпераментот, а и искуството на Ангелов, нема сомнение дека во „Белисимо“ доаѓаат подобри времиња и дека ќе остане едно од најпосетуваните места во Кавадарци. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk