Денеска на терен „Сите ѕвезди“, салата распродадена!

Ракометната федерација на Македонија објави дека сите билети за вечерашниот ракометно-музичи спектакл се распродадени.
Во „Борис Трајковски“ по подолго време ракомет ќе гледаат 6.500 гледачи. И тоа не обичен ракомет. 



Актуелните репрезентативци, екипата што следната недела го почнува настапот на Светското првенство во Полска и Шведска, вечерва на натпревар со помала минутажа ќе се сретне со репрезентативците што го носеа репрезентативниот дрес минатата деценија.
На тој начин ќе им се оддаде респект на претходните репрезентативци и ќе се заокружи нивната ера. 

Составот на ол стар тимот е прилично импресивен. Покани добија многу играчи, некои се одѕваа некои - не.
Сеедно, вечерва македонската публика ќе може да ги види Илија Темелковски и Звонко Шундовски на клупата. 
На голот ќе бидат Петар Ангелов Диви, Златко Даскалоски и Ристовски, на крилните позиции Стевче Алушовски, Владо Недановски, веројатно и Макалоски, Златко Мојсоски, потоа ќе ги видиме Аце Јоновски, Филип Лазаров, Бранко Ангеловски, Филип Миркуловски, Горан Кузманоски, Наумче Мојсовски, Кирил Лазаров, Влатко Митков, Раде Стојановиќ и Митко Стоилов, на линијата Столе Стоилов, Ванчо Димовски, Горан Ѓоргоноски... 
Списокот на оваа селекција не е конкретно дефиниран, можни се промени, можеби некого сме испуштиле затоа што постојано се контактира и немаме целосен увид... Во секој случај познати лица нема да недостасуваат. 

Натпреварот ќе биде збогатен и со музички дел, тука се знае настапуваат Некст Тајм, Меморија, Дац и Алексадар, Кики, ќе го слушнеме и Сашко Коцев...Забава нема да изостане.

Денеска е ден за опуштено ракометно уживање, останува само да одброиме до почетокот на настанот. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk