Георгиевски: На вистински пат сме, но треба трпение

Македонскиот тим по два одиграни контролни натпревари, продолжува со подоготовките на Маврово. Оваа фаза е веќе во своите последни етапи и екипата наскоро се враќа во Скопје, а потоа следува финишот и како круна, настап на Светското првенство во Краков. 



Репрезентацијата сега е микс на млади и нешто повозрасни играчи, а како никогаш досега, акцентот е на помладите. 
Гоце Георгиевски бил во улога на млад играч што влегува во репрезентативната приказна, а денеска со веќе децениски стаж е еден од повозрасните што треба да ги воведе помладите во истата таа приказна. 

„Репрезентацијата сега е поинаква, се базира на помладите репрезентативци и јас на оваа цела приказна гледам позитивно.
Подготовките во Маврово ги одработуваме максимално коректно, добро тренираме и најважно имаме добра атмосфера. Помладите играчи добро знаат што бара од нив, добро го сфаќаат, што пак е многу важен детал во овој процес.
Ако продолжиме вака да работиме Македонија ќе биде на вистински пат и наредните години. Ме радува што помладите не само што одлично ги прифаќаат сите наши совети, туку добро ги спроведуваат на терен тоа е најважно.
ПАТ ШТО ТРЕБА ДА СЕ ИЗОДИ
Како што кажав овој тим е на вистински пат, но да не се лажеме ова е процес за кој треба време. Мислам дека и јавноста треба да има малку трпение. Навистина е тешка групата, но ако не веруваме во себе подобро да не одиме на Светско првенство. Нема лесни противници, не одиме со бело знаме, одиме да се пласираме во главната рунда.
ИГРАЧИ ОД ДОМАШНО ПРВЕНСТВО И ПРЕДНОСТ И МААНА
Многу играчи ни доаѓаат од домашното првенство. Ај да кажам дека ако е некоја мана, можеби е ќе биде и предност бидејќи доста од репрезентативците играат заедно во ист клуб и добро се познаваат. Ние од Вардар, тука се ракометарите од Алкалоид, како и од Пелистер.
Мислам дека горе-доле го играме истиот систем и во клубовите. Може тоа да ни помогне, да дојдеме подобро воиграни на тоа Светско првенство“, вели Георгиевски
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk