Кадетите поразени од Германија

ГЕРМАНИЈА - МАКЕДОНИЈА  31-25
Движење на резултатот: 5-4, 9-7, 12-11, 18-12, 20-17, 23-19, 27-22, 29-24, 31-25.






По вчерашната победа над Австрија, кадетската репрезентација на Македонија денеска не успеа да победи на мечот со реномираната селекција на Германија. 
Македонските кадети одиграа добар натпревар, барем во најголемиот дел од првото полувреме. Бевме блиску до Германците (11-12), но потоа следеа две исклучувања во нашиот тим, Германија почна да се одлепува и со серија од 7-2 (19-13), стигна до разлика од шест гола што потоа ја одржуваше. 

Македонската репрезентација играше брзо, со нагласена транзиција, но овој пат и противникот беше од поинаков калибар и знаеше да ги казни сите грешки.

Сеедно, Македонија има добра шанса да се пласира во полуфиналето, со оглед на вчерашниот перформанс на нашиот следен противник - Холандија.  (Пораз од 17-36 од Германија). Со Холанѓаните ќе играме попладнево од 16:40 часот. Ако победиме ќе се пласираме во полуфиналето. 







 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk