Ден поблиску до мечот на „Сите Ѕвезди“

Ракометната федерација на Македонија, денеска и со прес конференција го промовираше ракометно музичкиот спектакл закажан за трети јануари на кој на терен едни „против“ други ќе застанат репрезентативците на Македонија кои ја завршија својата кариера што се однесува до националниот тим и актуелните репрезентаивци кои ќе настапат на следното Светско првенство. 



Дваесет бивши и исто толку актуелни репрезентативци ќе делат мегдан на задоволство на веруваме полната сала „Борис Трајковски“. 
Одново ќе видиме плејада на играчи а не клупата ќе ги видиме и селекторите Шундовски и Темелковски, 

На прес конференцијата зборуваше и претседателот на РФМ, Живко Мукаетов 

„Јас еве веќе влегувам во десеттата година од мојот мандат, кога почнував голем дел од овие играчи беа во зенитот на своите кариери. Денеска веќе не се активни, но овие генерации кои сега доаѓаат учеа од нив, а за мене како претседател на РФМ претставува голема чест да се биде дел од овој настан.
Во чест на овие 20 горди Македонци кои секогаш даваа се од себе бранејќи ги боите на државата. Тие заслужуваат уште повеќе, најразлични ситуации и ковид-пандемијата спречија и порано да има ваков собир. Благодарност до спонзорите кои ќе дадат дополнителни средства за СОС Детското Село, се надевам дека ќе стигнеме до сума од околу еден милион евра која ќе биде донирана онаму кад што е најпотребна“, изјави Живко Мукаетов, прв човек на Ракометната Федерација на Македонија. 

Претседателот на РФМ објави податок дека досега се продадени околу 4500 билети, а во продажба остануваат уште помалку од 1500. 

Претставните на ветераните на прес конференцијата беа две пивотменски легенди, Ванчо Димовски и Столе Стоилов. 

Ме радува организацијата на настанот, тоа што после долги години ќе се собереме сите на едно место. Се надевам дека со овој натпревар ќе им донесеме среќа на сениорите, па ако е навистина среќа нека стане и пракса, ќе се собираме секој јануари за вакви средби“, изјави Ванчо Димовски.

Сакам да дадам поддршка на овој настан, мислам дека е нешто одлично за да се оддаде почит на една генерација што твореше на терените со години, воедно и да се даде почит на оваа нова генерација која сега тргнува со свој нов почеток. Ова ќе биде склоп на забава, хуманост и спорт.
Се надевам дека ќе нема повреди, не кај актуелните, туку кај тие што долго време се замрзнати и не мрднале со години“, изјави Стоилов. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk