ЧСМ со две ѕвезди божиќно ги израдува фановите

ЧСМ Букурешт и натаму купува од највисоките полици на европскиот ракомет. Божиќно, клубот ги израдува своите фанови со потпис на две ѕвезди.



Шпанската репрезентативка Хенифер Гутиерез ќе биде замената за Сираба Дембеле на позицијата лево крило објавија Романците, а ЧСМ ден подоцна промовираше уште една ѕвезда, од редовите на олимпискиот шампион Франција. 
Десното крило, по потреба и бек, Лора Флип, од редовите на Париз 92 потпиша за романскиот клуб и на лето доаѓа во Букурешт. 
Флип беше и во идеалниот тим на Олимписките игри 2020 и заедно со Гутиерез сигурно ќе донесат нови висини за ЧСМ. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk