Попушти трибината на „Хасан Мустафа“, десетици повредени

За потребите на ракометниот мундијал во 2021 година, Каиро, Египет доби нова спортска сала која го носи името на претседателот на Светската ракометна федерација - Хасан Мустафа. 



Салата „Хасан Мустафа“ која има капацитет од 5.200 седишта се претвори во замка за голем број на фанови, откако дел од трибината се урна и среќа е што нема жртви. 
Најмалку 27 гледачи се повредени од кои 18 се пренесени во болница јавуваат египетските медиуми. 
Однесувањето на навивачите се чини дека е причината поради која трибината делумно се срушила. 
Инцидентот се случил на кошаркарски Супер Куп натпревар меѓу Ал Ахли и Ал Итихад. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk