Кадетите одат на Шпаркасен Куп, тројца отпаднаа

Селекторот Раде Стојановиќ заедно неговиот тренерски тим во кој се и Бранко Ангеловски и Наум Танески, денека ќе го направат финалниот избор за настап на Шпаркасе Куп во Германија. 



Кадетската репрезентација на Македонија, тимот што летоска успеа да се промовира во учесник на ЕХФ Еуро, утре заминува на турнир во Германија, традиционалниот Шпаркасе Куп каде што во првата фаза ќе игра со Австрија, Германија и  Холандија. 

Стојановиќ ќе води 16 ракометари во Мерциг, но нема да биде во најсилниот состав македонскиот тим, затоа што тројца ракометари отпаднаа поради повреда.

Тодор Узунчев од Мулти Есенс има истегнување на мускулот и покрај обидите да се врати навреме и поштедите што ги имаше, не успеа комплетно да заздрави. 
Крилото Михаил Тотиќ од Т. Пролет имаше фрактура на прстот и слично како и Узунчев не е фит за настап. 
Третиот играч што нема да патува е корпулетниот пивот Самуил Ристевски. Тој имал хематом на  поради што веднаш отпадна од комбинација. 

Македонија на 27 декември ќе игра со селекцијата на Австрија, ден подоцна ќе игра со Германија и Холандија, а потоа во зависност од пласманот ќе вкрсти со екипа од групата „А“ во која се Египет, Исланд, Швајцарија и домаќинот Сар. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk