Пепи Манасков во Алкалоид

Македонската ракометна легенда, Пепи Манасков, во иднина ќе биде дел од РК Алкалоид.



Претседатетлот на РК Алкалоид, Горан Минов, денеска објави дека Пепи Манасков, македонската ракометна легенда во иднина ќе биде дел од ракометното семејство на РК Алкалоид. 
Најбрзорастечкиот ракометен проект во Македонија, веќе има пет младински екипи во системот на натпреварување  и осум ракометни школи. Тренерот на првиот тим, Кирил Лазаров денеска најави формирање на уште две нови генерации, 2010 и 2012 со што базата на играчи уште повеќе ќе се рашири. 
Пепи Манасков во последните години работи со млади ракометари и ќе биде вклучен во работата со млади категории, но на која позиција точно и со какви задачи, задолженија и очекувања, дополнително ќе биде преицизирано. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk