Веспрем, конечно, некого и да задржи

Не се само заминувања и доаѓања актуелни во екипата на Веспрем. Конечно и некој од актуелните играчи се договори за останување. 



Унгарскиот вицепрвак Веспрем, конечно, некого и задржа од ланскиот состав. Познато од екипата заминуваат Ненадиќ, Лауге, Сипош, доаѓаат Косоротов, Касадо, а конечно редот дојде и на актуелните играчи, тие што треба да останат. 

Денеска Веспрем објави дека потпишале нов договор со голманот Родриго Коралес и дека тој останува таму до 2026 година. Голем потег за Унгарците, ако се има предвид дека за Коралес беше заинтересирана „пола“ Европа. Претходно и Владимир Цупара реши да остане, па така Веспрем нема да менува уште долго на голманската позиција. 
Од другите играчи, актуелни, пикерот Андреас Нилсон останува до 2025, а нов договор од „легендарните“ 1+1, потпиша и францускиот играч Кентан Мае. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk