Барса плати 50.000 евра за шпански играч

Пол Валера Ровира, централниот бек на Гранољерс се сели во Барса, веднаш, за сума од 50.000 евра. 



Пол Валера Ровира беше тесно поврзуван со доаѓање во Барса, но од лето како алтернатива за Домен Макуц кој наводно има потпишано договор со Алборг од каде пак за да се вклопат сите коцки, заминува Арон Палмасон. 

Но, според радио Каталуња, Ривера доаѓа во Барса веднаш и тоа како алтернатива за повредениот Тимоти Н'Гесан и Ханиел Лангаро.
Каталонското радио тврди дека Барса за слободата на Пол Валер Ровира платила 50.000 евра на Гранољерс. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk