Сегед: Доаѓа Имсгард, Алиловиќ - аут

Унгарскиот ПИК Сегед денеска ја имаше првата објава, потврда на најавените трансфери за следната сезона. Доаѓа норвешки голман.



Норвешкиот голман Емил Кери Имсгард, член на Елверум е првото засилување за ПИК Сегед за следната сезона. Унгарскиот клуб денеска официјално потврди дека ово 24 годишен голман доаѓа во Сегед и ќе формира тандем со домашниот голман Роланд Миклер. 

Ова, пак, значи дека од клубот заминува хрватскиот ветеран Мирко Алиловиќ (37). Наши извори велат дека Мирко Алиловиќ најверојатно ќе оди во Татабања и ќе формира таму нов тандем со Мартон Секели, до лани голман на Е. Пелистер.

Деновиве очекуваме и потврда на веста што екслузивно ја објави g-sport.mk  а тоа е дека во ПИК Сегед на клупата доаѓа Раул Гонзалез, поранешниот тренер на Вардар, а сега на ПСЖ. Со него би требало да дојдат и Даинис Криштопанс и Феран Соле. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk