Денеска во просториите на РФМ беше одржана ждрепката за Плеј оф и Плеј аут шампионатот во машка конкуренција. Првенството ќе продолжи на 11/12 февруари, а ќе заврши 27/28 мај.
Шеснаесетте екипи според резултатите од првиот дел беа поделени во Плеј оф и Плеј аут групи и соодветно пренесуваат бодови. Првите четири тима од Плеј оф ќе обзбедат учесто во Европски куп.
Последните два тима од Плеј аут испаѓаат од Лигата, додека шестопласирниот ќе игра бараж за опстанок со третопласираниот од Прва лига.
ПРВО КОЛО - ПЛЕЈ ОФ
Вардар - Т. Пролет
Е. Пелистер 2 - ГРК Охрид
Бутел Скопје - Е. Пелистер
ГРК Тиквеш - Алкалоид
Во плеј од по три бода пренесуваат Вардар и Е. Пелистер, по два бода пренесуваат Алкалоид и Т. Пролет, по еден бод екипите на Бутел Скопје и Е. Пелистер 2, а без бодови почнуваат Охрид и ГРК Тиквеш.
ПРВО КОЛО - ПЛЕЈ АУТ
Вардар (Н) - Голден Арт
Прилеп - Радовиш
Јуниор К. В. - Куманово
Скопје 2020 - Струга
Во Плеј аут, по три бода пренесуваат Струга и Голден Арт, по два екипите на Прилеп и Скопје 2020, по еден бод Радовиш и Куманово, а без бодови се Вардар Неготино и Јуниор Кисела Вода. есуваат Струга и Голден Арт, по два екипите на Прилеп и Скопје 2020, по еден бод Радовиш и Куманово, а без бодови се Вардар Неготино и Јуниор Кисела Вода.
Поврзани вести