Палмарсон си оди од Алборг!

По 14 години минати во странство и настапи за екипи какви што се Кил, Барса, Веспрем и Алборг, Араон Палмарсон реши да се „смири“. 



Трансфер бомба доаѓа од островот. Арон Палмарсон денеска треба да биде промовиран за нов играч на исландскиот клуб Хафнарфјордур. 
Ако се оди според планот, тој на Исланд се враќа веќе во јануари, ако не од јуни. 
Причините поради кои 32 годишната супер ѕвезда се решава за ваков потег, не се познати. Веројатно во текот на денов, доколку се обистини информацијата што ја објави исландскиот новинар Арнар Дади, ќе има повеќе детали. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk