Нов трансфер на Дупјачанец

Македонскиот голман Даниел Дупјачанец направи нов трансфер во францускиот шампионат. 



Даниел Дупјачанец ќе го напушти тимот на Вилербан и од јануари се сели во третолигашката екипа Курнон Д'Аверњи. 
Оваа екипа се натпреварува во Н1М веднаш зад двете професионални лиги и во моментов  е на шестото место од 14 екипи. Тренер на овој клуб е поранешниот македонски репрезентативец Марјан Колев.
Дупјачанец, поранешен играч, односно последно играч на Металург во домашното првенство доаѓа како заемена за мароканскиот голман Јасин Идризи со кого клубот спогодбено го раскина договорот. 

Дупјачанец во Д'Аверњи би требало да остане најмалку до јуни 2023. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk